Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишен жител на Скопје, кај кого, во изнајмена барака, била пронајдена импровизирана лабораторија за одгледување марихуана.
Во соопштението се наведува дека при претрес во бараката била пронајдена вреќа со исушени цветови, листови и гранки од растението канабис со вкупна тежина од 922 грама, како и три саксии со засадени стебла. Освен ова, во различни помали пакувања биле пронајдени уште 505,4 грама марихуана, дигитални ваги и друга опрема за одгледување на растенијата.
Јавниот обвинител против осомничениот поведе истрага за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, а со оглед на тоа што оцени дека се исполнети законските основи, до надлежниот суд достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице – велат од ОЈО Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.