Лажни се сите дојави за поставени бомби 19 училишта во Скопје што биле доставени попладне на нивните електронски адреси. -Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа  и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.