Четврток, 20 јануари. Додека Леонид бил на работа, неговата девојка Викторија, учела за постдипломските студии. Попладнето, заедно го подготвиле омиленото јадење. Потоа решиле да одат на шопинг во Сити Мол. На враќање, на пешачкиот премин, ги удира автомобил.

Леонид Даов и Викторија Иванова, која им подлегна на повредите, се разделуваат засекогаш.

Десет дена по овој кобен настан родителите, роднините, пријателите положија цвеќе и запалија свеќи за 24 годишната Викторија на истото место кадешто го загуби животот. Преку мирниот протест побараа да се стави крај на безобзирното и неказниво возење по улиците и да се подигне свеста на учесниците во сообраќајот. Меѓу нив беше и Леонид (24), студент на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерество во Скопје, вработен како програмер во програмерска компанија.

Солзите постојано му се тркалаа по лицето додека стоеше покрај родителите на Викторија. Сите беа скршени од болка.

Целото интервју со Леонид Даов на „Женски магазин



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.