Јавното обвинителство денеска соопшти дека е извршен увид на местото на синоќешното убиство во Тетово, како и дека јавен обвинител ги издава сите потребни наредби, меѓу кои наредба за обдукција и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор.
Возилото и други траги се подигнати за вештачење. МВР постапува за откривање на сторител, се наведува во инфомрацијата од Обвинителството.
Синоќа во 20 часот и 35 минути во СВР Тетово е пријавено убиство на маж на околу 40 години. Според информацијата од СВР Тетово кон човекот било пукано додека бил во возило.
Во 20.35ч. во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Штипска“ едно лице кое било со возило „Мерцедес“ пукало кон возило „БМВ“ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало. Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот, информираше синоќа Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.