Градоначалникот Тони Коњановски изврши увид на локации во Битола каде силниот ветер предизвика проблеми и вознемирување кај битолчани.
Со екипи на локалните јавни претпријатија и пожарникари од ТППЕ-Битола, Коњановски посочи јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и ТППЕ Битола, да извршат санација на местата каде е предизвикана штета.
Екипите дејствуваат координирано и ќе останат на терен се до расчистување на сите локации, соопштија од Општина Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.