На 15.02.2022 околу 22:00 часот, од полициски службеници од ОВР Струга лишен е од слобода Б.Н.(37) од струшкото село Велешта.
Тој, претходно, на улицата „ЈНА“ во Струга имал вербална расправија со неговата 22-годишна невенчана сопруга во врска со нивното заедничко дете, по што насилно ја однел во стан во Струга, каде физички ја нападнал.
Потоа, на кеј „8 Ноември“ во Струга, Б.Н. физички го нападнал и Д.Т.(24) од струшкото село Октиси.
По целосно документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.