Во текот на денот, мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спровела зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес. При акцијата за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволенатаказнети биле 106 прекршоци.

Како што соопшти МВР, од нив, 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

МВР информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредниот период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.