На 09.06.2022 во 13.00 часот во ОВР Дебар, 37-годишен жител на Дебар пријавил дека бил измамен од Ф.Ч. од с.Велебрдо, општина Маврово и Ростуше. Според пријавеното, на 18.10.2021 тој се договорил со Ф.Ч. да му го даде на проба во период од еден месец неговото возило „мерцедес с350“, и ако му одговара да му го продаде.

Како што е пријавено, Ф.Ч. не му го вратил возилото, ниту му се јавил да договорат купопродажба.

Се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.