Во периодот од 6 до 10 часот денеска на територијата на Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 47 сообраќајни прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив, како што посочуваат од МВР, пет санкции за технички неисправни возила, три мерки поради непоседување на задолжителна опрема, две санкции за возење без возачка дозвола, 17 возила се упатени на вонреден технички преглед…

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.