Полицијата се уште трага по 74-годишен жител на Црник, општина Пехчево, кој пред три дена го напуштил Клиничкиот центар во Скопје и се уште не се вратил во родното село.

Исчезнувањето го пријавила неговата сестра од Делчево.

Пријавата ја добивме на 5 март 2022 во 20:15 часот. Во Полициска канцеларија Пехчево А.Ќ.(57) од Делчево пријавила дека нејзиниот брат К.Д.(74) од с.Црник, кој бил на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје на 3 март 2022 по сопствено барање го напуштил Клиничкиот центар и се упатил во непознат правец – велат од полицијата.

Оттаму додаваат дека до моментот К.Д. се уште се нема вратено во неговиот дом во Црник.

Во меѓувреме се преземаат мерки за пронаоѓање на 74-годишникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.