Само воспитна мерка доби малолетникот што на 25 февруари 2021 година удри во хирургот Ѓорѓи Јота, кој се здоби со тешки повреди по ударот во близина на Клиничкиот центар. Неговата состојба беше многу сериозна поради нанесените повреди, но по долго време тој успеа да се опорави. Зад воланот во џипот БМВ Х6 што удри во д-р Јота додека тој минуваше на пешачки премин седеше малолетник, кој немаше ниту возачка дозвола.

Според официјални информации на МДК.мк, малолетниот возач добил воспитна мерка, која е во фаза на извршување. Колку ќе трае оваа воспитна мерка од Судот не одговорија, само појаснија дека може да трае од неколку месеци до неколку години и дека се преиспитува секоја година.

Од Основниот кривичен суд Скопје на прашање на МКД.мк каква е одлуката која што судот му ја изрекол на малолетникот беше одговорено дека одлуката, со оглед дека се работи за малолетно лице, не смее да се кажува. Официјалниот одговор е дека на осомничениот малолетен возач за кого се водеше постапка по Законот за правата на детето, му е определена Заводско-воспитна мерка.

Повеќе на МКД.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.