Вчера во Скопје малолетник прво бил претепан, па избоден од едно лице во Скопје, информира полицијата.

Настанот се случил околу 13.00 часот. Малолетникот итно е донесен и е на лекување во Градската општа болница „8 Септември“.

„На 04.04.2023 околу 13:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градска општа болница „8 Септември“ со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од с.Шишево, скопско. Според пријавеното, тој бил физички нападнат од едно лице, кое употребило и остар предмет“, информираат од МВР за Прес24.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат оттаму.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.