Двајца малолетници од Струмица за време на новогодишната ноќ силувале 13-годишно девојче, а им помогнала 21-годишна девојка за која веќе е одредена мерка притвор.
Како што соопшти Основното јавно обвинителство Струмица донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишна девојка за која постои основано сомнение дека помагала при сторување кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, согласно член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За истиот настан, надлежниот јавен обвинител до судијата за деца при Основниот суд во Струмица поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против две деца во судир со законот за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија кои со закон се определени како кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, oбјави „СДК.мк“.
Повеќе на „СДК.мк“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.