Тело на маж во фаза на распаѓање денеска било извлечено од реката Дунав кај Костолац. Како што дознава српски „Курир“, полицијата проверува дали станува збор за Матеј Периш, сплиќанецот кој исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември.

Извор од истрагата наведува дека во овој момент се претпоставува дека не се станува збор за исчезнатиот Периш, кој во моментот на исчезнување носел бели патики, додека пронајденото починато лице на себе имало црни, но дека дефинитивно се проверува дали тоа е исчезнатиот млад човек.

Телото било во фаза на распаѓање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.