На 18.10.2022 на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода В.И.(47) и Г.Т.(46), двајцата од Битола, затоа што кај нив бил пронајден и одземен шприц со наркотична дрога.
На 18.10.2022 во 01.10 часот од ул.„Војводинска“ во Прилеп, полициски службеници од Полициска станица Прилеп го лишиле од слобода Р.С.(20) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.