Министерството за внатрешни работи информира дека денес полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал во содејство со Единицата за интервентна полиција, двете при СВР Скопје, го лишиле од слобода Р.Р.(37) од Скопје.
На 5.7.2022 околу 21.00 часот, за време на одржување на ненајавен јавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, Р.Р. фрлал со камења кон полицискиот кордон и зградата на Собранието и физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејства – велат од Министерството за внатрешни работи.
По преземени мерки и активности од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, Р.Р. е приведен во полициска станица и против него се обезбедени сите докази.
Во координација со ОЈО Скопје против него е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од Кривичниот законик, по што лицето е изнесено пред Судија на претходна постапка – додаваат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.