Приведени две лица барани за издржување на затворски казни.

Според информациите од МВР, и двајцата се од Скопје, едниот 23-годишен а другиот 25-годишен.

Р.Р. се барал за издржување на казна затвор од 3 години за извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236, додека С.Р. за издржување на затворска казна во времетраење од 2 години во врска со кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Двете лица се приведени во полициска станица и ќе бидат спроведени во казнено-поправна установа за издржување на казните.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.