Полициски службеници од СВР Куманово, вчеравечер ги лишиле од слобода кумановците М.И.(30) и Е.И.(34), под сомнение дека минатата недела со употреба на сила влегле во објект на улицата „Димитар Влахов“ и одзеле повеќе предмети.

Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – соопштија од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.