На 03.02.2022 на ул.„Речиште“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Љ.(28) од Скопје.

За него била распишана потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 235-а од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје за издржување на казната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.