Полициски службеници од Скопје вчера привеле двајца насилници од скопско, кои завчера го нападнале скопјанецот А.А. и му нанеле тешки повреди.

-На 8 декември, по преземени мерки и распишан централен распис од Единицата за насилен криминал, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода В.П.(36) од с..Сопиште, скопско и Ј.П.(34) од Скопје. Тие се сомничат дека на 07.12.2022 на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје со уште едно лице физички го нападнале А.А. од Скопје и му нанеле тешка телесна повреда, информираат од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор го признале делото.

-За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 386 од Кривичниот законик, известуваат од полицијата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.