Полицијата вчера го лишила од слобода напаѓачот кој со секира се закануваше на новинари во селото Ѓурѓевиште, Општина Врапчиште.

Според МВР, разговарано е со него и е пуштен, а во координација со јавен обвинител ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

До инцидентот дошло кога медиумските работници стигнале во село Ѓурѓевиште за да снимаат кои работи се подобриле во училиштето откако за неповолните услови известувале пред некој месец.

„Ме фати мене, ме турна по скалите и почнавме да му збориме дека не сме овде за нешто лошо. Тој не разбираше никако. Отиде и зеде секира од хигиеничарот, кој во тоа време сечеше дрва. Значи секирата ми беше пет сантиметри од глава. И пак навредуваше. Ние најдовме момент и избегавме со кола“, раскажа новинарот Невриј Адеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.