Полициски службеници привеле скопјанец, кај кого при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени околу половина килограм марихуана и дробилка, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Денеска во с.Кадино, општина Илинден, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(51) од с,Кадино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу половина килограм марихуана и дробилка – информираат од МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него, до надлежното основно јавно обвинителство, ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.