Полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје и од Полициската станица Драчево синоќа во 22 часот на улица „Антон Попов“ го лишиле од слобода Љ.С.(48) од Куманово.

Како што соопшти МВР, Љ.С. бил баран по две централни потерници, врз основа на наредба од Казнено-поправната установа „Затвор Куманово“ за доиздржување 10 месеци затворска казна.

Тој бил осуден на две години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 206 од Кривичниот законик и врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување на казната затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.