По претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од ОВР Кичево при СВР Охрид, денеска, во 11 часот, го привеле М.К. (33) од Прилеп поради основано сомнение дека е извршител на тешки кражби во станови и куќи. При тоа, во неговото возило „фиат пунто“ пронајдени се предмети поврзани со кривичните дела.
Како што соопшти МВР, М.К. е задржан во полициската станица во Кичево и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.