Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против П.П.(65) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Како што информираат од МВР, пријавениот во периодот од 11.10.2020 до 02.04.2021 година, додека незаконски престојувал во Сојузна Република Германија, обезбедил фалсификувани штембили од Унгарија во неговата патна исправа за да докаже дека неговиот престој во Европската Унија не надминувал 90 дена.
Патната исправа со фалсификувани штембили ја користел во повеќе наврати, но на 20.11.2022 година при гранична контрола во Унгарија му била одземена и за тоа била водена судска постапка во Унгарија. Потоа, на 04.01.2023 пријавениот пријавил дека патната исправа му била изгубена, по што му бил издаден издаден нов пасош во Македонија, по што ги користел двете патни исправи, посочуваат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.