Полициски службеници од Полициската станица Кавадарци вчера околу 14.30 часот на ул.„Јован Планински“ во Кавадарци, ги лишиле од слобода К.Ч.(39) и П.С.(38), двајцата од Кавадарци.

Тие биле затекнати при купопродажба на марихуана и кај двајцата била пронајдена и одземена марихуана. Како што информираа денеска од МВР, после тоа, врз основа на судска наредба, во домовите на двајцата биле извршени претреси и, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.