На 14.04.2023 во 13.30 часот во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Д.И.(23) од Делчево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана.

Исто така, во Делчево, со судска наредба, бил извршен претрес и во домот на С.М.(23) од Делчево, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Со двајцата бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.