Денеска утрово во 8.25 часот на бројот 112 лице вработено во Национален Парк „Шар Планина“ пријавил дека на локалниот пат кон с. Вејце, на околу еден километар пред селото, има загинато мече кое најверојатно настрадало во сообраќајна несреќа од непознат сторител.

ЦУК информира дека екипа на МВР изврши увид на местото на несреќата, а безживотното тело на мечето е предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни анализи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.