Вчера во 17.00 часот во Гостивар во населба Фазанерија 2, патничко моторно возило „голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.С.(39) од Кичево, удрило во малолетен пешак од Гостивар.

По несреќата пешакот бил пренесен во Општата болница во Гостивар каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.