Вчера во 12.30 часот во Полициската станица во Кавадарци било пријавено дека во с.Марена, кавадаречко, патничко возило „форд“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Р(32) од Кавадарци, удрило во велосипед управуван од малолетник од с.Марена.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани од Општата болница во Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.