Неколку екипи од противпожарни единици од Старо Нагоричане, Куманово, Ранковце и Кратово го гасат пожарот што избувна попладневно кај село Руѓинце општина Старо Нагоричане.
Ветерот го отежнува гаснењето, од ЦУК е побарано да се ангажира и хеликоптер и ЕР трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. Неколку куќи и викендици се загрозени.
– На терен сме повеќе екипи, информирана е и ЦУК ќе пратат и воздушна поддршка. Гори нискостеблеста шума, стрништа, сува трева, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане Далибор Трајковски.
Пожарот првин избувнал во високата трева и се проширил кон мешовитата шума. Ветерот само го отежнува гаснењето.
– Ненадејниот силен ветер брзо го раширил пожарот поради што е изгубена почетната контрола врз него. Поради загрозувањето на куќи и викендички и брзото ширење на пожарот поради силниот ветер, ангажиран е еден полициски хеликоптер и еден Ер трактор на ДЗС, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.