Гори сува трева, грмушки но и квалитетна шума кон штипското село Пиперово. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека огнените јазици имаат зафатено од 15 до 20 хектари сува трева, грмушки и нискостебелсти растенија.

Поради непристапниот терен во квалитетната шума активиран е хеликоптер на МВР кој вода полни од вештачкото езеро Мантово.

Ангелов посочува дека пожарот е меѓу езерото Мантово и месностото викано 20 километри во близина на регионалниот пат Штип-Радовиш.

Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев информира дека пожарот е пријавен околу 14 часот, а во неговото гаснење се вклучени пожарникари од Штип, Радовиш и од Доброволното Противпожарно друштво од Општина Конче.

Një zjarr i madh shpërtheu sot rreth orës 14:00 në afërsi të rrugës rajonale Shtip-Radovish afër kilometrit të njëzetë dhe liqenit artificial Mantovë.

Досега на територија на Општина Штип на отворено имаме интервенирано на околу 68 шумски пожари, стрништа, ниско стеблеста шума. Ова е првпат оваа година да се вклучи хеликоптер во гаснење на пожарите во штипско-карбинскиот регион, бидејќи досега успевавме сами да се справуваме и да ги гаснеме пожарите, вели Коцев.

Портпаролот на ЦУК, Илија Бојаровски, информира дека на терен почнало да дува ветер, но какошто вели хеликоптерот навреме пресече за да не се шират огнените јазици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.