Од компанијата „Пофикс“ чии простории беа зафатени во вчерашниот пожар во поранешен „Македонија Табак“ во Тетово, преку социјалните мрежи изразија жалење за трагедијата. Причините за пожарот, наведуваат во соопштението, сè уште не се познати, но она што е најважно е дека нема човечки жртви.
Во оваа прилика, јавно им се заблагодаруваме на противпожарните екипи, градоначалникот на Тетово и надлежните органи кои максимално си ја вршат својата работа на терен, како и на граѓаните и на бизнисмените од Тетово кои се вклучија во гаснењето на огнот. Воено, ја информираме јавноста дека пожарот во голема мера е изгаснат. Со надеж дека ќе ја надминеме оваа ситуација што побрзо, изразуваме жалење за оваа несреќа, велат оттаму.
Сопственикот на компанијата за „Клан“ рече дека штетата е многу голема, над 12 милиони евра. На прашањето дали се познати причините за овој пожар, тој рече дека причината за пожарот е водата, поточно дождот кој ден пред да се случи пожарот предизвика поплави во одредени делови на Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.