Тетовската полиција упати апел до сопствениците на локали да не им даваат алкохолни пијалаци на малолетниците, а воедно најави дека ќе се зголеми контролата на оваа појава. Целта е да се превенираат или санкционираат евентуални прекршоци од областа на јавниот ред и мир и посебно престојување на малолетници по законски дозволеното време, како и нивно послужување со алкохолни пијалаци.
Секторот за внатрешни работи Тетово и со апел до сопствениците на угостителски објекти да не им овозможуваат да престојуваат по 24 часот и посебно да не ги послужуваат малолетници со алкохолни пијалаци, зашто тоа претставува кривично дело за кое според член 204 од Кривичниот законик е предвидена парична или затворска казна од три месеци до три години. Доколку, пак, малолетникот е под 14 години, затворската казна се движи од една до пет години, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
СВР Тетово потсетува дека консумирањето алкохол во поголеми количини, односно оддавањето на пијанство на јавно место е прекршок за кој согласно член 6 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир е предвидена парична глоба од 50 до 150 евра во денарска противвредност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.