Дваесет метри рибарска мрежа и 120 парчиња уловена риба плашица одзела полицијата од 35 годишен охриѓанец поради незаконски риболов.
СВР Охрид соопшти дека кај каналот „Студенчишта“ во Охрид, полициски службеници го затекнале Б.О.(35) од Охрид, при незаконит риболов со рибарска мрежа.
Притоа, пронајдена и одземена е рибарска мрежа во должина од 20 метри и 120 парчиња уловена риба плашица. За настанот, запознаен е јавен обвинител и надлежниот инспекторат за водостопанство, стои во информацијата.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава согласно Законот за рибарство и аквакултура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.