Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.А.(40) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“, казниво по член 367 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во текот на октомври 2021 година, до Одделението за управни работи при МВР, поднел барање за издавање на дупликат сообраќајна дозвола за патничко моторно возило во негова сопственост, при што во прилог на барањето приложил изјава со негов лажен исказ дека сообраќајната дозвола ја изгубил и доколку ја пронајде истата ќе ја врати, иако сообраќајната дозвола му била одземена од полициски службеници од Единица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје за сторен сообраќаен прекршок – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.