27-годишната Елена Јовицоска од Гостивар со години живее со проблеми од поранешниот партнер, кој е полицаец со кого има заедничко дете, а преживува и постојани закани, се вели во сторијата за младата мајка на „Телма“. Судиите во Гостивар со години никако не може да ги завршат случаите. Првостепените пресуди се ниски по неколку месеци затвор, а Апелациониот суд ги поништува.
Правната битка се случува во иста зграда каде се сместени сите гостиварски обвинителства и судови, а после години неказнивост – во април се случува и тежок физички напад внатре во судот.
Ова е снимка од безбедносните камери каде Елена и татко и доживуваат напад од поранешниот нејзин партнер, 30-годишен полицаец, неговиот татко-поранешен полицаец и од мајката и сопругата на напаѓачите.
Онаму каде што се дели правда, и нејзиниот татко и Елена биле претепани и повредени.
На крај полицаецот, партнерот со кој 5 години не живее во заедница, добива 4 месеци затвор, од кои три минал во притвор и домашен притвор, додека вториот напаѓач таткото кој е пензиониран полицаец добива условна казна.
Сега предметот по жалба е на гостиварска апелација, а кај Елена при интервјуто се појави и страв и возбуда во гласот.
Целата сторија на Телма
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.