Велешанецот Панче Жежовски денеска беше погребан на гробиштата „Раштани“ во родниот град. Погребот се одржал во 13:30 часот, а последна почит му оддале роднини, пријатели, познаници.
Панче беше пријавен за исчезнат на 24 ноември, а неговото тело беше пронајдено на 3 декември, во околината на Велес.
Автомобилот на Панче, по неговото убиство, бил искористен за киднапирање на 14-годишната Вања, а подоцна запален во скопско Бразда.
За нивните убиства осомничени се пет лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.