Тело на машко лице, мигрант било пронајдено во водите на езерото во кумановското село Речица, соопшти денеска СВР Куманово. На телото немало траги на насилство.

Вчера во 16:03 часот во СВР Куманово било пријавено дека во водите на езерото во село Речица било пронајдено тело на машко лице – мигрант. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, информираше полицијата.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител по чија наредба телото било дадено на погребно претпријатие.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.