Пет лица се повредени, од кои жена е со тешки повреди, во несреќата која се случи вчеравечер во Скопско, а во која по судир едниот возач избега од местото на несреќата.

Како што соопшти МВР, вчеравечер во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за с.Глумово, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, кое го напуштил местото и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Љ.(27) од Скопје, кое потоа излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ш.Љ.(49) од Скопје, додека останатите тројца сопатници, меѓу кои двајца малолетници, сите од Скопје и 27- годишната Б.Љ. се здобиле со телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.