Наредба за спроведување истражна постапка и притвор од 30 дена е определен за лицето кое се сомничи дека сторило кривично дело „убиство“, соопшти Јавното обвинителство.

Осомничениот на 25 септември годинава на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и и задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на место.

Наредбата за спроведување истражна постапка за лицето поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ ја донесе Основното јавно обвинителство Кочани.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и со решение му определи притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од ЈО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.