На 26 ноември во 03.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од ул. Симеон Кавракиров и ул.Венијамин Мачуковски патничко моторно возило порше со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(19) од Скопје, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц. и сопатничката С.П.(18), а со телесни повреди се здобиле уште три сопатнички Ј.М.(18), Е.Б.(18) и АМ.К.(18) сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза и Градската општа болница Св.Наум Охридски.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.