Полицијата потврди дека денеска во полициска станица била повикана пензионираната универзитетска професорка и историчарка Виолета Ачкоска во врска со нејзиниот контроверезен ФБ статус за починатиот матурант од Скопје од дрога како и за тоа дека неколку момчиња се фрлале од згради по конзумирњае на опасна дрога.
МВР го негираше изнесеното, а според нивното соопштение и професорката Ачкоска рекла дека слушнала од деца такви муабети, но откако го објавила на ФБ сфатила дека направила грешка.
„Денеска (16.03.2023) во полициска станица при СВР Скопје бил извршен службен разговор со В.А., поради наведени податоци дека гимназијалец бил отруен со дрога ставена во пијалак, во објавен статус на социјалната мрежа Фејсбук, а со цел да се обезбедат евентуални дополнителни податоци во врска со случајот кои лицето може да ги има. В.А. во разговорот појаснила дека нема информација за таков настан, туку дека слушнала муабети од деца, а кога новинари телефонски ја повикале да поразговараат на темата, тогаш сфатила дека направила грешка и го избришала статусот“, соопшти МВР.
Во врска со случајот од страна на СВР Скопје ќе биде известено Основното јавно обвинителство Скопје, со цел добивање насоки за понатамошни мерки и активности.
Полицијата претходно објави дека младо починато момче е најдено на 12-ти март на плочник пред зграда и дека истрагата трае. На телото е извршена обдукција, а во тек се токсиколошки анализи. Истрагата треба да ја открие причината за оваа трагедија. Таа ќе треба да одговори и на сомневањата на блиските на загинатото момче кои беа пренесувани на социјални мрежи и на портали за ставање на опасна дрога во пијалок и за обид случајот без докази да се затвори како самоубиство.
Првичната информација за трагедијата предизвика дезинформации за наводна смрт на неколку момчиња чии тела се најдени во скопскиот Градски парк, но полицијата и надлежните соопштија дека немало такви случаи и дека дезинформациите намерно или несвесно се споделуваат и предизвикуваат паника.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.