Велешанецот Велибор Манев, кој е еден од осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, доцна вчера беше спроведен во Кривичниот суд во Скопје. Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори кусо „не“.

Манев не одговори каква е неговата поврзаност со грабнувањето и убиството на девојчето.

Тој молчеше кога беше прашан дали признал вина и вмешаност.

Вања беше пријавена за исчезната во понелденикот на 27 ноември, а нејзиното тело беше пронајдено денеска во близина на Скопје.

Според МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој бил пријавен за исчезнат на 24 ноември.

 

фото и видео: Скопје1



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.