Повторно е извршен напад врз бугарскиот клуб „Цар Борис“ во Охрид. Овојпат, оштетена е поставената табла на клубот и нападнати се просториите на клубот.

Полицијата изврши увид на местото. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за МИА изјави дека во СВР Охрид било пријавено оштетување на стакло на канцеларијата на здружението „Цар Борис Трети“, лоцирана на булеварот „Македонски Просветители“ во трговскиот центар Амам во Охрид.

Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што е утврдено дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје, изјави Димоски.

За настанот бил известен јавен обвинител од ОЈО Охрид, по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Ова е трет напад врз клубот со контроверзно име. Првиот напад се случи веднаш по отворањето, за кое имаше и голем протест од охриѓани, а вториот пред само неколку дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.