Во периодот од 06:00 до 10:00 часот, на територија на цела држава спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.

При контролата, констатирано е едно кривично дело за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик и 46 сообраќајни прекршоци. Од нив, две за возење без сигурносен појас, четири за возење со брзина поголема од дозволената, изречена е една мерки за возење без возачка дозвола, информираат од МВР

Оттаму додаваат дека на вонреден технички преглед се упатени 24 возила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.