Ноќва во 01:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Казнено поправната установа Затвор „Идризово“ на паркингот позади управната зграда, било опожарено патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на вработен во затворот.

Според изворите на „Телма“, станува збор за возилото на дежурниот командир. Ова следува откако пред два дена имаше координирана акција и  се вршеа претреси  во 25 ќелии при што беа запленети дрога, ладно оружје телефони и пари

Пожарот бил локализиран од страна на Бригадата за противпожарна заштита и сопственикот, кој при гаснење на пожарот се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.