Вчера во 17:30 часот 47-годишна жена од с.Пепелиште, неготинско, пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички и психички малтретиран од двајца негови соученици, кои му одземале пари кои ги носел со себе.

Како што пријавила мајката, на 5 декември годинава тие со закана му побарале пари, кои малолетникот следниот ден ги зел од дома и им ги дал, без знаење на родителите.

За случајот е запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.