Ноќеска околу 01:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „АСНОМ“ мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(33) од Скопје, излетал од коловозот.

Како што соопшти МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Т. констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.