Пред битолскиот основен суд за денеска напладне е закажан протест за поддршка на Тони Ѓоргиевски Фердо, кој е обвинет за убиство со умисла, затоа што го застрела поранешниот зет за ќерка кој со мачета насилно му упадна во домот.
Семејството повикува на укинување на притворот и можност тој да се брани од слобода.
Драги пријатели, добронамерници и сите што ја знаете вистината за мојот татко кој што си ја бранеше својата фамилија од 20-годишните маки, ве повикувам на ден 23.02 во 12 часот на мирен протест пред судот во Битола, поради одлуката на судот за притворот на мојот татко и истиот да биде пуштен дома да се брани од слобода за дело што го направи во самоодбрана за да спаси пет животи и неговиот 6, пишува неговиот син.
Битолчани на социјалните мрежи изразуваат поддршка за Фердо и алармираат до судот дека нема основа ова дело да се води како „убиство со умисла“.
Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „Бајкал“ што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место, се наведува во соопштението од Обвинителството, од каде беше одреден притвор за дедото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.